Visa Business Debit Card

Вашата сигурна финансиска поддршка во секоја деловна ситуација

Visa Business Debit Card е меѓународно прифатена деловна картичка, за сите видови правни лица - самостојни вршители на дејност, професии и здруженија, со што претставува сигурна финансиска поддршка во секоја деловна ситуација. Сите трансакции веднаш ја оптоваруваат трансакциската сметка на клиентот. Картичката е наменета за плаќање стоки и услуги на продажните места и за подигнување готовина во земјата и во странство на сите места што прифаќаат Visa картички. Картичката гласи на име и е непренослива.

Подигнување готовина низ светот:

• повлекување готовина со провизија на банкоматите на „Шпаркасе Банка А.Д. Скопје".

• повлекување средства со провизија насекаде низ светот на банкоматите со ознака Visa.

Дневни лимити за подигање на готовина за Visa Business Debit Card:

    • подигнување готовина на банкомати 200 000 денари;
    • безготовинско плаќање во трговија 200 000 денари;
    • вкупен дневен лимит од 200 000 денари.

*Стандардниот месечен и вкупен лимит користен во земјата и во странство изнесува 6.200.000 МКД (шест милиони двестотини илјади денари) за подигање на готовина од Банкомат, подигање на готовина преку POS терминали во банка и за плаќање на POS терминали.

Безготовински плаќања

Плаќајте низ целиот свет и купувајте онлајн безбедно и лесно со вашата Visa Business Debit

Издавање дополнителна картичка за сите овластени лица

Дополнителна картичка може да се издаде на барање на управителот на правното лице, за сите овластени корисници наведени во барањето за издавање на картичката. Износот на картичката и поединечните лимити ги дефинирате и ги менувате сами во согласност со своите потреби.

Контрола на трошоците

Лимитот на картичката може да се дефинира во зависност од вашата потреба. Во секое време може да побарате да му се одземе картичка на поединечен корисник или да побарате дополнителна картичка. Картичката може да се користи за повлекување готовина на банкомат или за плаќање на местото на продажба.

Промена на ПИН на нашите банкомати

На сите банкомати на „Шпаркасе Банка" може самостојно да го промените ПИН-кодот на сопствената картичка.

Аплицирајте за бизнис дебитна картичка online!

Доколку оваа кредитна картичка ги задоволува вашите потреби не чекајте воопшто и веднаш искористете ја можноста да аплицирате online.