Успешно управување и контрола на трошоците
Mastercard Business Credit Card картичка може да се издаде на правно лице резидент, кое има отворено платежна сметка во Банката. Со својата функционалност е осмислена да го поедностави располагањето со средства кај правните лица. Основната намена на картичките е плаќање на трошоците за возен парк, репрезентации, ситен инвентар и слични трошоци. Овие платежни картички се заштитени со чип технологија која нуди низа можности, а благодарение на сигурноста и на заштитните функции, речиси сосема ја оневозможува злоупотребата на картичката.
Кредитната картичка гласи на име на правното лице и на поединечниот корисник и не може да се пренесе на друго лице. Картичката се издава со рок на важност од една година, а по истекот на рокот се продолжува на 2 години во согласност со правилата на Банката.
Трошоците се наплатуваат исклучиво во денари без оглед каде се направени трансакциите, за што се добива месечен извештај со вклучени посебни прегледи за секој поединечен корисник. Рокот за подмирување на обврските е до 15-ти, за месечниот трошок од претходниот месец.