Во сите експозитури на „Шпаркасе Банка" може да ги извршите сите задачи поврзани со платниот промет. Од отворање платежна сметка, па сѐ до:
- плаќање основен влог за основање на правно лице;
- уплата / подигнување на готовина;
- безготовински платен промет;
- поднесување барање за издавање копија/и на налогот, извод;
- информации за солвентноста на правно лице, состојба на сметка и извршени трансакции на сметката;
- поднесување на барања за решавање на жалбите.
Платниот промет во земјата, на клиентите им овозможува целосно реализирање на сите тековни плаќања со домашни деловни партнери, како и на сите услуги за отворање, водење и одржување на трансакциските сметки со можност за избор на начинот на реализирање на плаќањата:
- електронско банкарство;
- со физичко доставување на налозите во хартиена форма.
Провизија: За реализирањето на налозите, Банката наплатува стандардна провизија според важечката, тековна одлука за тарифи на Банката.