Меѓународен платен промет

Со отворањето на мултивалутна девизна сметка во „Шпаркасе Банка АД Скопје" ви нудиме можност за брзи и едноставни плаќања со вашите меѓународни партнери.

Плаќањата во странство можете да ги извршувате преку NetBanking апликацијата или преку е-маил, како и во сите експозитури на „Шпаркасе Банка АД Скопје".

Освен плаќањата, ќе можете да извршувате продажба на девизи и да добивате информации за состојбата на вашата девизна сметка. Меѓународниот платен промет се извршува преку SWIFT-системот, при што банката води посебна грижа за сигурно и ажурно процесирање.

Термински план за платен промет со странство

1

Брзо и едноставно извршување на плаќањата кон вашите меѓународни партнери.

2

Примената на нашите најсовремени технолошки решенија во извршувањето на платниот промет значително ќе го забрза и ќе го олесни вашето секојдневно работење.

3

„Шпаркасе Банка АД Скопје" преку својот систем на плаќање FIT 2.0 ви овозможува спроведување на налозите со ист ден на валута доколку плаќањата се во рамки на Sparkasse и Erste групацијата.

Услуги на е-банкарство

Платниот промет можете да го извршувате преку електронско банкарство. Сѐ што треба да направите е да склучите договор за користење на NetBanking Plus. Со користењето на овие услуги значително ќе го забрзате и ќе го олесните вашето секојдневно работење во однос на другите модели на извршување на платниот промет.

Сакате да отворите сметка онлајн?

 

Одберете платежна сметка според Вашите потреби.

 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Поставете прашање или договорете состанок