Девизни гаранции

За квалитетна меѓународна соработка со вашите бизнис партнери и одложено плаќање:


  • платежни гаранции за обезбедување одложено плаќање на стоки и на услуги;
  • гаранции за учество на тендер, за поврат на аванс, за добро извршување на работи, за исполнување на обврски во гарантен рок, лицитациски гаранции;
  • издавање контрагаранции и супергаранции;
  • прием на сите видови гаранции во корист на коминтенти на Банката.

Употребата на девизни гаранции и акредитиви во меѓународната трговија овозможува подобра соработка со странските партнери, како и одложено плаќање, неопходно за одржување балансиран готовински тек и зголемување на ефикасноста на работењето. За извозниците, што не сакаат да го преземат ризикот за наплата на побарувањето, ние нудиме конфирмирана гаранција или акредитив, со што ви се овозможува сигурна наплата на вашите побарувања под услов да ја испорачате стоката/услугата со поднесување уредни документи во согласност со условите од акредитивот.
Исто така доколку сте купувач/увозник, вашите интереси се осигурани бидејќи исплатата на договорената сума ќе се изврши дури откако продавачот (извозникот) ќе покаже со документи дека услугата/стоката е испорачана во согласност со договорената количина, квалитет и рок.

Издавање на девизни (ностро) гаранции


Со користењето на овој производ на Банката, ви се овозможува да добиете одложено плаќање на стоката што ја увезувате, со што си ги подобрувате паричните текови во секојдневното работење.

Известување за примена извозна (лоро) гаранција


Доколку добиете гаранција во ваша корист, ви нудиме брзо и квалитетно проследување на гаранцијата, при што Банката не презема никаква одговорност по примената гаранција но, може да ви понуди советување дали гаранцијата е во согласност со Еднообразните правила за гаранции на Меѓународната трговска комора од Париз.

Побарајте трансакциска сметка online

 

Одберете трансакциска сметка која ќе одговара на потребите на Вашиот бизнис.

 

Побарајте кредит online

 

Зајакнете го Вашиот бизнис со дополнителни финансиски средства. 

 

Ви требаат дополнителни информации?

 

Поставете ни прашања или договорете состанок.