Денарски гаранции

Помош за остварување на одложено плаќање на обврски

За квалитетна реализација на вашите бизнис проекти и за успешно одржување на тековните операции, често се појавува потреба од доставување на соодветна банкарска гаранција. Доколку ви е потребен партнер во вашата соработка со деловни партнери во земјата, ви нудиме издавање на денарски гаранции со кои ви се овозможува да добиете сигурност, одложено плаќање на стоката што ја набавувате, обезбедување на долг и сл., што е неопходно во секојдневното работење, односно за полесно планирање на готовинскиот тек.

Во зависност од вашите потреби, ги издаваме следните видови денарски гаранции:

  • платежни гаранции;
  • гаранции за учество на тендер, за поврат на аванс, за добро извршување на работи, за исполнување на обврски во гарантен рок, лицитациски гаранции;
  • царински гаранции за обезбедување на долг во сите видови царински постапки;
  • контра-писмо на намери за издавање одредени видови гаранции.

Побарајте трансакциска сметка online

 

Одберете трансакциска сметка која ќе одговара на потребите на Вашиот бизнис.

 

Побарајте кредит online

 

Зајакнете го Вашиот бизнис со дополнителни финансиски средства. 

 

Ви требаат дополнителни информации?

 

Поставете ни прашања или договорете состанок.