Кредит за финансирање на изградба на објекти наменети за продажба

Кредит за изградба на деловни, станбени или станбено-деловни објекти наменети за продажба. Корисник на кредитот треба да биде наменски основано друштво за реализација на дадениот проект. Реализација на кредит сукцесивно во транши во согласност со заверените времени ситуации од надзорниот орган, на основа на фактури на добавувачите со цел за реализација на проектот. Начин на враќање – еднократно или сукцесивно, во согласност со приливите од продажба.

Основни карактеристики

Сопствено учество

минимум 30% од вредноста на вкупната инвестициска вредност на проектот

Рок на враќање

до 48 месеци можност за грејс-период до 24 месеци

Валута на кредитот

денарски кредити или девизни кредити

Предуслови што треба да бидат исполнети за можност за апликација за овој вид кредит:

• одобрение за локациски услови;
• да има валидно одобрение за градба;
• да има сопственост или сосопственост на земјиштето на кое ќе се гради објектот;
• да има комплетна проектна документација.

Побарајте трансакциска сметка online

 

Одберете трансакциска сметка која ќе одговара на потребите на Вашиот бизнис.

 

Побарајте кредит online

 

Зајакнете го Вашиот бизнис со дополнителни финансиски средства. 

 

Ви требаат дополнителни информации?

 

Поставете ни прашања или договорете состанок.