Финансирање на проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори

  • финансирање на проект - мала хидроцентрала;
  • финансирање на проект – фотоволтаична централа;
  • финансирање на проект - биомаса и биогас;
  • финансирање на проект – изградба на ветерници.

Кредитите се наменети за финансирање на проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори (ветер, вода, соларна, геотермална итн). Корисник на кредитот треба да биде наменски основано друштво за реализација на дадениот проект. Реализацијата на кредитот се врши сукцесивно во транши во согласност со заверените времени ситуации од надзорниот орган. Во рамките на одобрениот износ на финансирање, можно е издавање и на гаранции и акредитиви наменети за финансирање на набавките за проектот. Начин на враќање – месечно или тримесечно во зависност од договорот

Основни карактеристики

Сопствено учество

минимум 30 % од вредноста на вкупната инвестициска вредност на проектот

Рок на враќање

до 120 месеци можност за грејс-период до 24 месеци

Валута на кредитот

денарски кредити или девизни кредити

Предуслови кои треба да бидат исполнети за можност за апликација за овој вид кредит:

• да има одобрение за локациски услови;
• да има валидно одобрение за градба;
• да има сопственост или сосопственост на земјиштето на кое ќе се гради објектот;
• да има комплетна проектна документација;
• да има склучени преддоговори или писма за намера за 50% до 80% од површината наменета за издавање во зависност од сопственото учество;

Побарајте трансакциска сметка online

 

Одберете трансакциска сметка која ќе одговара на потребите на Вашиот бизнис.

 

Побарајте кредит online

 

Зајакнете го Вашиот бизнис со дополнителни финансиски средства. 

 

Ви требаат дополнителни информации?

 

Поставете ни прашања или договорете состанок.