Почитувани клиенти,
Шпаркасе Банка Македонија водејќи се од принципите за општествено одговорно работење како дел од Штаермеркише Шпаркасе Групацијата и согласно усвоените мерки од страна на Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија, го објавува повикот за промена на договорните услови за кредитните производи наменети за корпоративните клиенти кои се погодени од Ковид-19 кризата, со цел полесно премостување на негативните ефекти во нивното работење.
При развојот на предложените мерки и решенија за поддршка на компаниите се земаа во предвид сите аспекти со цел да им се овозможи на клиентите полесно справување со кредитните долгови и понатамошно одржување на нивните бизнис модели.
Ги упатуваме сите клиенти во рок не подолг од 10 календарски денови, а заклучно со 11.04.2020 година, да не известат за потребите за менување на постојните договорни услови, со цел да започне процесот за утврдување на потребата од олеснување на условите и преземање на мерки за обезбедување на нивна редовна отплата.
За таа цел, Ве замолуваме да ни го доставите пополнет прашалникот кој можете да го преземете од следниот линк и истиот да ни го доставите пополнет во скенирана форма на следниот мејл: corporate@sparkasse.mk, или пак во писмена форма на адресата на Банката, ул. Македонија 9-11, 1000 Скопје.
Предметниот прашалник ќе претставува основ за Банката да изврши анализа на потребата одкористење поповолни/прилагодени договорни услови и врз основ на таквата анализа ќе ви достави соодветна понуда за олеснување на договорните услови.
За дополнителни информации нашиот тим ќе Ви биде на располагање на следните телефонски броеви:
- за микро, мали и средни компании 02/3200-520 или 078/495-824 (Владимир Кечовски)
- за големи компании 02/3200-576 или 071/395-446 (Јане Ангеловски)
Ние ќе продолжиме и понатаму со нашиот партнерски однос и поддршка да работиме заедно со нашите клиенти со цел да дадеме што поголем придонес кон минимизирање на негативните ефекти од Корона вирусот во нашата држава.
Срдечен поздрав,
Шпаркасе Банка Македонија