Посебни програми за финансирање

Кредитни линии во соработка со други финансиски институции:

  • различни форми на деловна соработка за да се стимулира раст на бизнисот;
  • можнсот за доделување субвенција за поповолно кредитирање на претприемаштвото.

Програмата за конкурентност на Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Програма за финансирање е развиена од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и е поддржана од грантови финансирани од Европската Унија како и бесплатната техничка помош за инвеститори и партнерски банки. Комбинацијата на кредити, грантови и бесплатната техничка поддршка, се единствена и има за цел да им помогнат на малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија да ги финансираат инвестициите, кое ќе им овозможи унапредување на конкурентноста во трговските односи со земјите од ЕУ, како и на локалните пазари.

Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП во Западен Балкан е развиена специјално за да им помогне на малите и средни претпријатија во приватна сопственост да ги исполнат директивите на ЕУ и да ги разберат бараните подобрувања во областите на заштитата на животната средина, здравјето и безбедноста на работното место и квалитетот и безбедноста на производите. Новата кредитна линија, обезбедена преку локалните партнерски банки заедно со грант од 15% и бесплатна техничка помош финансирана од Европската унија, им помага на МСП да ги идентификуваат нивните инвестициски барања за надградба кон усогласеност со Приоритетните директиви на ЕУ. Директивите на ЕУ можат да изгледаат застрашувачки на прв поглед. Меѓутоа, честопати едноставно решение може да ги исполни барањата, понекогаш е потребен покомплексен пристап. Бесплатниот технички совет е обезбеден од меѓународен тим на експерти.

Повеќе информации на следниот линк: www.web-sme-csp.com 

Програмата се спроведува во партнерство со:

Соработка со МБПР

Банката учествува во пласирањето на различни кредитни линии преку МБПР, при тоа посебен акцент се посветува на квалитетот на програмите наменети за кредитирање мали и средни претпријатија и за финансирање на извозот.

Основната задача на МБПР - Македонска банка за поддршка на развојот е да го промовира извозот, преку негово кредитирање и други форми на поддршка, да обезбеди поддршка на развојот на малите и средни трговски друштва, преку одобрување на инвестициски кредити, како и да овозможи осигурување на наплатата од извршениот извоз од комерцијални ризици на краток рок.

Банката, со цел да им излезе во пресрет на своите клиенти, има склучено договори за кредитни линии преку МБПР.

Кредитни линии од МБПР

Основната задача на МБПР - Македонска банка за поддршка на развојот е да го промовира извозот, преку негово кредитирање и други форми на поддршка, да обезбеди поддршка на развојот на малите и средни трговски друштва, преку одобрување на инвестициски кредити, како и да овозможи осигурување на наплатата од извршениот извоз од комерцијални ризици на краток рок.

Банката, со цел да им излезе во пресрет на своите клиенти, има склучено договори за кредитни линии преку МБПР и ЕБРД.

Италијанска револвинг кредитна линија

Кредитна еврова линија за финансирање обртни средства.

Износ на кредит: минимум 50 000 ЕУР, максимум 400 000 ЕУР.

Рок на враќање: до 3 години со можност за грејс-период од 6 месеци.

Начин на отплата: квартална, месечна или отплата во согласност со приливите од извозот.

Финансирање на извозни аранжмани

Финансирање на обртни средства за подготовка на производство наменето за извоз или за премостување на периодот од направениот извоз до наплатата на средствата од странскиот купувач. Кредитот учествува со максимум 85 % од пресметковната вредност на извозниот аранжман, додека минимум 15 % од средствата обезбедува извозникот, од сопствени или од други извори.

Износ на кредит: минимум 15 000 ЕУР, максимум 2 000 000 ЕУР.
Рок на враќање: до 24 месеци.
Начин на отплата: квартална, месечна или отплата во согласност со приливите од извозот.

Кредит за трајни обртни средства од МБПР

Средствата од кредитите се одобруваат за поддршка на трговските друштва за трајни обртни средства.

Износ на кредит: минимум 30 000ЕУР, максимум 300 000ЕУР. Рок на враќање: до 3 години со можност за грејс-период од 6 месеци. Начин на отплата: квартална.

Кредити за инвестиции од МБПР

Оваа кредитна линија во девизи има цел финансирање на инвестициите и развојот на малите и средни трговски друштва, при што дозволенa е набавка на основни средства (минимум 50 %) и на обртни средства (максимум 50 %).

Износ на кредит: минимум 10 000 ЕУР, максимум 500 000 ЕУР. Рок на враќање: до 8 години со можност за грејс период од 1 година. Начин на отплата: квартална.

Кредит за трајни обртни средства од ЕИБ

Кредит за трајни обртни средства од ЕИБ1 во евра. Поддршка на барања за перманентно зголемување на потребите за обртен капитал на компаниите.

Максимален износ:

  • До 20 000 ЕУР – за микро претпријатија
  • До 200 000 ЕУР - за мали претрпријатија
  • До 666 700 ЕУР -за средни претпријатија

* Минимален износ: 5 000 ЕУР

Рок на враќање: не пократок рок од 2 години и не подолг рок од 3 години со вклучен грејс-период од максимум 6 месеци. Начин на отплата: квартална.

Кредит за трајни обртни средства од ЕИБ2 во евра

Поддршка на барања за перманентно зголемување на потребите за обртен капитал на компаниите.

Износ на кредит: минимум 5 000 ЕУР и максимум 666 700 ЕУР. Рок на враќање: До 3 години со вклучен грејс период од максимум 6 месеци. Начин на отплата: Квартална.

Кредит за инвестиции за МСП од ЕУБ - револвинг

Оваа кредитна линија има цел финансирање на инвестициите и развојот на малите и средни трговски друштва, при што дозволена е набавка на основни средства (минимум 70 %) и на обртни средства (максимум 30 %).

Максимален износ:

  • до 45 000 ЕУР – за микро претпријатија
  • до 450 000 ЕУР - за мали претрпријатија
  • до 3 500 000 ЕУР -за средни претпријатија

* Минимален износ: 10 000 ЕУР. Рок на враќање: до 5 години со вклучен грејс-период од максимум 12 месеци. Начин на отплата: квартална.

Кредит за инвестиции за МСП од ЕИБ 2 во евра

Поддршка на идентификувани проекти, и тоа: купување на материјални средства како: недвижности, опрема и обртни средства (не повеќе од 30 % од вредноста на кредитот), како и инвестиции во нематеријални средства (развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и трошоци за плати и друго поврзано со фазата на истражување и развој).

Износ на кредит:

  • минимум 10 000 ЕУР 
  • максимум 3 500 000 ЕУР.

Рок на враќање: до 8 години со вклучен грејс-период од максимум 2 години.

Начин на отплата: квартална.

Кредит за примарно производство

Кредити што им овозможуваат на коминтентите кредитирање на основни средства (основно стадо, насади, опрема, набавка на култивирано/некултивирано земјоделско земјиште, набавка на механизација и др.). Максимален износ: 100 000 ЕУР (задолжително учество од 30 % во опрема, земјиште, згради).

Рок на враќање: до 72 месеци со вклучен грејс-период (види табела за подетално).

Кредит за преработка на земјоделски производи

Овие кредити им овозможуваат на коминтентите обртни средства за преработка на земјоделски производи, откуп на земјоделски производи (најмалку 70 % од основната суровина за преработка треба да биде со потекло од домашно производство), набавка на сите видови компоненти за производство на добиточна храна.

Максимален износ:

  • 200 000 ЕУР (задолжително учество од 30% во опрема, земјиште, згради),
  • исклучок до 300 000 ЕУР
  • исклучок максимален износ на кредит 300 000 евра по кредитокорисник, за преработка на овошје, зеленчук, млеко, месо, грозје (винарии), печурки и зачински, лековити и ароматични производи.

Рок на враќање: до 36 месеци.

Начин на враќање: месечни или квартални ануитети

Кредит за извозно насочени претпријатија/трговија

Основни средства за работа во трговијата со примарни земјоделски производи наменети за извоз (разладни уреди за кондициско одржување на употребливата вредност на производите до нивната продажба, машини за калибрирање и пакување, изградба на нови и купување или модернизација на постојни објекти за постбербени активности - складирање, кондициско одржување на производите до нивна продажба, калибрирање, пакување) за овошје и зеленчук и собирни центри за млеко. Обртни средства за работа во трговија со примарни земјоделски производи наменети за извоз, откуп на примарни земјоделски производи, амбалажа и етикетирање.

Максимален износ: 200 000 ЕУР (задолжително учество од 30 % во опрема, земјиште, згради). Рок на враќање: до 12 месеци. Начин на враќање: месечни, квартални, полугодишни или отплата на крајот на периодот (во зависност од намената). Валутна клаузула: денарски кредити со девизна клаузула.

Побарајте трансакциска сметка online

 

Одберете трансакциска сметка која ќе одговара на потребите на Вашиот бизнис.

 

Побарајте кредит online

 

Зајакнете го Вашиот бизнис со дополнителни финансиски средства. 

 

Ви требаат дополнителни информации?

 

Поставете ни прашања или договорете состанок.