Девизен пазар

Повластен курс

За секоја купопродажба на девизи во износ од над 5 000 ЕУР, клиентите имаат можност да добијат повластени курсеви (во рамките на стабилни пазарни услови) споредено со редовните што се истакнати на официјалната курсна листа на Банката на датумот на купопродажбата.

Терминска купопродажба на странски валути

FX Forward

FX Forward или терминска купопродажба на девизи подразбира купопродажба по повластен девизен курс на одреден, договорен датум во иднина.

Целта на овој производ е заштита на моменталните парични текови. Како основа за пресметка на FX Forward курсот се користат моменталниот пазарен курс и разликата на пазарните каматни стапки на валутите од валутниот пар за кој се договара трансакцијата - FX Forward.

Non Deliverable FX Forward

Non Deliverable FX Forward претставува терминска трансакција кај која на доспевање не доаѓа до промена на паричните средства, туку се пресметува и се плаќа само разликата помеѓу договорениот и референтниот курс пресметан на договорениот износ.

Овој производ главно се користи за заштита на салдата на девизните обврски (износ на недоспеана главница на девизни кредити) на датум на изработка на финансиски извештаи (квартално или најчесто годишно на 31.12).

Валутен Swap (FX Swap)

Валутен или FX Swap e двопартиски договор за размена на износи во различни валути по однапред договорени курсеви. Во практиката се вршат две трансакции, од кои едната е FX Spot купување (продавање), а другата FX Forward продавање (купување) на странска валута. Курсот за купопродажба во иднина се одредува на идентичен начин како и кај FX Forward трансакциите.

БЛАГИЦА ДОНЕВ

Оддел за тргување

тел.: +389 (0)2 3167618

e-mail: Blagica.Donev@sparkasse.mk


СИНИША НЕСТОРОСКИ

Оддел за тргување

тел.: +389 (0)2 3200 580
e-mail: Sinisa.Nestoroski@sparkasse.mk 

ДЕЈАН ГРАОРКОВСКИ

Оддел за тргување

тел.: +389 (0)2 3167645
e-mail: Dejan.Graorkovski@sparkasse.mk 

НИКОЛА ПАНОВСКИ

Оддел за тргување

тел.: +389 (0)2 3200571
e-mail: nikola.panovski@sparkasse.mk 

Сакате да отворите сметка онлајн?

 

Одберете платежна сметка според Вашите потреби.

 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Поставете прашање или договорете состанок