Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје

Брокерски услуги

„Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје" на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги, т.е. пристап до хартиите од вредност на 108 домашни котирани компании, со вкупна пазарна капитализација над 2 милијарди евра. На официјалниот пазар на Македонската берза се котирани и обврзниците на Република Македонија за денационализација. Исто така, инвеститорите може да вршат трансакции и со акциите од уште 500 акционерски друштва што се тргуваат на Слободниот пазар на Македонската берза.  

Со цел да им обезбеди на своите клиенти поголема поддршка во процесот на тргувањето, Банката нуди можност за користење бесплатни информации, вклучувајќи дневен извештај за тргување од МSE и фундаментални анализи за котираните компании.

На следниот линк може да ги најдете сите хартии од вредност со кои се тргува на Македонската берза.

Е-традер

За поедноставување на процесот на тргувањето, Банката на своите клиенти им овозможува користење на апликацијата е-trader, преку која се овозможени увид во тргувањето во реално време, можност за електронско задавање налози за купопродажба, како и вршење увид и преглед на сопствените трансакции и портфолио во секое време.  

Основните карактеристики на оваа апликација се:

  • високо ниво на сигурност (користење на персонален дигитален сертификат)
  • едноставно користење (пополнување налози, внес, измена, повлекување)
  • преглед на портфолио и парична состојба со моментално ажурирање
  • преглед на пазарни податоци (цена, длабочина, трансакции)
  • следење на пазарот и извршување на налозите во реално време

На следниот линк како и преку интернет - страницата на Банката можете директно да пристапите до апликацијата е-trader.

Портфолио-менаџмент и инвестициско советување

Советување и запознавање со можностите за инвестирање на пазарите на капитал и управување со средствата на клиентот.

Управување со портфолио на хартии од вредност

Оваа услуга опфаќа креирање портфолио на хартии од вредност во име и за сметка на клиентот, од страна на овластен инвестициски советник од Банката, со цел да се постигнат конкретните инвестициски цели на клиентот преку соодветен однос на oчекуваниот принос и нивото на преземен ризик.

Преку индивидуален пристап кон секој клиент, „Шпаркасе Банка" нуди стратегија за инвестирање специфично креирана во согласност со потребите на клиентот, во зависност од отвореноста кон ризик, возраста, приходите, саканиот принос, временскиот хоризонт на инвестирање и личните потреби на клиентот

Главната цел на портфолио-менаџментот е да се обезбеди континуиран успех во инвестициската стратегија со постигнување на очекуваниот принос во однос на прифатливиот ризик за клиентот.

Инвестициско советување

Функцијата инвестициско советување во „Шпаркасе Банка Македонија" ја вршат овластените инвестициски советници на Банката. Во овој дел, на клиентите им се овозможуваат детални информации поврзани со финансиските пазари и хартиите од вредност, во зависност од нивните индивидуални потреби

Корпоративни услуги со хартии од вредност

„Шпаркасе Банка" ги врши сите услуги со хартии од вредност, во согласност со Законот за хартии од вредност на РМ, меѓу кои и следните корпоративни услуги со хартии од вредност:  

  • организирање, подготовка и откуп на емисии на хартии од вредност за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност;
  • дејствување како покровител при котација за издавачи на хартии од вредност, организирање и подготовка на целокупниот процес при барање на котација на Македонска берза;
  • активности за сметка на трети лица за преземање акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва.