Хартии од вредност

Обврзница

Долгорочен должнички инструмент со кој издавачот се обврзува на сопственикот да му исплати главница и камата во согласност со претходно издадениот проспект, со динамиката наведена во него (обично полугодишни и годишни купони).

Како издавачи на обврзници може да се појават државата, локалната власт (општински обврзници), комерцијалните банки и компаниите (корпоративни обврзници).

Со инвестирање во обврзници, клиентот е изложен на кредитен ризик на издавачот на обврзницата, ризик од промени во каматните стапки, геополитички ризици, девизен ризик и ризик од реинвестирање.

Државните обврзници ги издава Министерството за финансии на Република Македонија. Тие се запишуваат на аукции објавени од Министерството, а купувачи може да бидат домашни и странски, правни и физички лица. Со државните обврзници може да се тргува на секундарен пазар. Право на тргување со државните обврзници имаат домашни овластени банки.

Обврзниците за денационализација издадени од Република Македонија се котираат на Македонската берза.

Акции

Акцијата е хартија од вредност со која сопственикот го докажува својот удел во акционерскиот капитал на акционерското друштво. Таа е доказ за сопственост над дел од компанија што е регистрирана како акционерско друштво. Акцијата дава права, но исто така и одредени обврски кон друштвото.

Сакате да отворите сметка онлајн?

 

Одберете платежна сметка според Вашите потреби.

 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Поставете прашање или договорете состанок