Mastercard Business

Бидете прифатени секаде во светот.

Успешно управување и контрола на трошоците

Mastercard Business Credit Card картичка може да се издаде на правно лице резидент, кое има отворено платежна сметка во Банката. Со својата функционалност е осмислена да го поедностави располагањето со средства кај правните лица. Основната намена на картичките е плаќање на трошоците за возен парк, репрезентации, ситен инвентар и слични трошоци. Овие платежни картички се заштитени со чип технологија која нуди низа можности, а благодарение на сигурноста и на заштитните функции, речиси сосема ја оневозможува злоупотребата на картичката.

Кредитната картичка гласи на име на правното лице и на поединечниот корисник и не може да се пренесе на друго лице. Картичката се издава со рок на важност од една година, а по истекот на рокот се продолжува на 2 години во согласност со правилата на Банката.

Трошоците се наплатуваат исклучиво во денари без оглед каде се направени трансакциите, за што се добива месечен извештај со вклучени посебни прегледи за секој поединечен корисник. Рокот за подмирување на обврските е до 15-ти, за месечниот трошок од претходниот месец.

Прифатеност во земјата, во странство и на интернет

Mastercard картичките на „Шпаркасе Банка" се прифатени на преку 40 милиони продажни места што содржат ознака за прифаќање на Mastercard картички. Сите Mastercard картички се прифатени на интернет, и тоа кај сите трговци што содржат ознака за прифаќање на платежни картички од брендот – Mastercard.

Промена на ПИН на нашите банкомати

На сите банкомати на Шпаркасе Банка можете самостојно да го промените ПИН-от на сопствената картица.

Дневни лимити за подигање на готовина за Mastercard Business Credit Card:

  • подигнување готовина на банкомати 100 000 денари;
  • безготовинско плаќање во трговија 100 000 денари;
  • вкупен дневен лимит од 100 000 денари.

Документација за Mastercard Business кредитни нартички

Аплицирајте за бизнис кредитна картичка online!

Доколку оваа кредитна картичка ги задоволува вашите потреби не чекајте воопшто и веднаш искористете ја можноста да аплицирате online.