Акредитивот е најбезбеден инструмент за плаќање во меѓународната трговија и подразбира договор со кој Банката дејствува по барање и по налог на свој коминтент (увозник) и има обврска да изврши плаќање со презентирање документи за исполнување на претходно договорените услови предвидени со акредитивот. Со овој инструмент истовремено се штитат интересите и на купувачот и на продавачот, особено доколку се на почеток на меѓусебна соработка во надворешната трговија. Купувачот се осигурува дека ќе ја добие нарачаната стока или услуга во согласност со неговите потреби, додека продавачот се осигурува дека испорачаната стока ќе му биде наплатена.
За квалитетна реализација на вашите бизнис проекти и успешно одржување на тековните операции, често се појавува потреба од доставување соодветна банкарска гаранција.
Доколку ви е потребен партнер во вашата соработка со деловни партнери во земјата или во странство, ви нудиме издавање на денарски/ девизни гаранции со кои ви се овозможува да добиете сигурност, одложено плаќање на стоката што ја набавувате, обезбедување на долг и сл., што е неопходно во секојдневното работење, односно за полесно планирање на готовинскиот тек.