Овој кредит ви овозможува набавка на залиха, плаќање на обврските кон добавувачи, увоз обезбеден со отворени акредитиви и финансирање на слични намени со кои се овозможува зголемување на прометот и профитот на компании со стабилен готовински тек.
Оваа форма на финансирање истовремено е погодна и за земјоделците, семејните фирми и за преработувачите на храна да се подготват за земјоделската сезона, набавка на суровини и финансирање на тековните трошоци на земјоделското производство.