Гарантна шема од Гарантен фонд преку Развојна банка на Северна Македонија (РБСМ)
Со портфолио гаранцијата од Гарантен фонд преку РБСМ, се поддржува кредитирање на квалификувани кредитокорисници - микро, мали и средни трговци регистрирани согласно Законот за трговски друштва.
Квалификуваниот кредитокорисник треба да ги исполни и следните услови:
- да е со седиште во Република Северна Македонија,
- да е најмалку 51% во приватна сопстевеност,
- да е класифициран во А ризична категоризација согласно последниот достапен кредитен регистар на НБРСМ, или пак да нема кредитна изложеност,
- да не е со основна дејност во тековната состојба лизинг, финансиски услуги, игри на среќа и производство на тутун, дрога и други опојни средства, производство и дистрибуција на оружје или воена опрема и трговија со недвижнини
- Да нема аплицирано и примено друг кредит покриен со оваа кредитно-гарантна шема и кредитот да биде наменски употребен согласно одредбите од договорот за кредит.
Во зависност од намената не кредитот, со портфолио гаранцијата се гарантира: 1. до 80% од износот на салдото на кредитот по основ на главницa, одобрен за обртни средства, 2. до 50% од износот на салдото на кредитот по основ на главницa, за основни средства.
Минималниот износ на кредитот е 300.000 денари, додека максималниот износ на кредитот не може да надмине износ од 30.750.000 денари, Минималниот рок на отплата на кредитот е до 1 година, додека максималниот рок на отплата е до 8 години за кредит за основни средства и до 3 години за кредит за обртни средства со можност за вклучен грејс период до 1 година.
Обезбедување - меница од корисникот на гаранција авалирана од сопствениците кои располагаат најмалку со 10% од основната главница на корисникот на гаранција со менична изјава, во која се уредени правата и обврските по основ на меница во форма на извршна исправа или да го солемнизира договорот за кредит пред нотар со договор за пристапување на долг на еден од сопствениците кои располагаат најмалку со 10% од основната главнина на кредитокорисникот исто така солемнизиран кај нотар. Можно е вклучување на дополнително обезбедување: Хипотека на недвижен имот; залог на опрема или друго материјално средство; депозит и сл.