Преку различни модели на краткорочно финансирање, „Шпаркасе Банка" настојува да ги усогласи вашите секојдневни и/или привремени потреби за парични средства со динамиката на работење на вашата фирма.
Оперативните парични текови во идеални услови, можe точно да се предвидат, но тоа не е случај во реалноста. Добавувачите можe да ви понудат атрактивни попусти за авансно плаќање, но поради задоцнета наплата на побарувањата, на вашата компанија може да се случи да ѝ недостасуваат обртни средства или средства за одржување на ликвидноста. Преку различни модели на финансирање за одржување на ликвидноста со рокови на достасување до една година, се овозможува обезбедување средства за надминување на ликвидносните потреби.