Што претставува Банкoосигурување
Со овој термин се именуваат производите кои претставуваат микс од банкарски и осигурителни продукти кои нудат можност за различни покритија, при што осигурувањето значи заштита на клиентот и најблиското семјство во случај на осигурен настан.
Овие производи нудат можност за различни покритија на осигурени настани како што се: загуба на живот, губење на деловна способност, траен инвалидитет, губење на работа.
Шпаркасе Банка АД Скопје во согласност со најновите трендови во банкарската индустрија, континуирано ги надградува темелите на банко осигурувањето, со комбинирање на традиционалните банкарски производи со осигурителни услуги.
Шпаркасе Банка АД Скопје е лиценциран агент за продажба на полиси од класите за животно и неживотно осигурување.
Животно осигурување во Шпаркасе Банка ги покрива следните типови на осигурување:
- Осигурување од последици на несреќен случај – незгода,
- Осигурување на живот,
- Можност за дополнително осигурување .
Неживотно осигурување во Шпаркасе Банка ги покрива следните типови на осигурувања:
- Осигурување на имот од пожар и природни непогоди
- Други осигурувања на имот
- Осигурување во случај на неможност за враќање на кредити