S Token

Го прави користењето на електронско банкарство привлечно.

Отсега S Token на Шпаркасе Банка е интегриран во апликацијата S-Banka.

Со цел подобрување на корисничкото искуство, а во насока клиентите да користат една апликација, апликацијата S Token се интегрираше во постоечката S-Banka.

Функционалностите на S Token се целосно мигрирани во апликацијата S-Banka од каде корисниците ќе можат да ги користат во иднина. Дополнително, овозможена е најава на netbanking со push нотификација, како и плаќање на налози со push нотификација.

Шпаркасе S Token претставува софтверска апликација инсталирана на мобилен телефон и служи за идентификација (најава) на корисникот преку NetBanking и автентикација (потпишување) на трансакциите во системот за електронско банкарство за физички лица.

S Token има примена во електронското банкарство. Предноста на оваа апликација претставува тоа што таа е инсталирана на мобилниот телефонски апарат и сето тоа ја прави лесна, практична и достапна за користење. Од друга страна нема потреба клиентот со себе да носи дополнителни уреди како УСБ-токен.

Упатство за употреба на S Token

Преземете ја апликацијата S Token

Апликацијата може да се инсталира на сите мобилни телефони што користат (Android, iOS и Java) оперативен систем. Апликацијата не е компатибилна за Windows Phone оперативен систем и за телефоните од марката Blackberry.

Како да станам корисник на S Token?

За да може да ја користите Шпаркасе S Token апликацијата потребно е да пополните пристапница за електронско банкарство – IndividualNet Plus во една од експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. По пријавата на мобилниот телефонски број наведен во пристапницата ќе ви биде доставен линк за инсталација на апликацијата S Token. Дополнително добивате корисничко име (email) и иницијална лозинка (СМС).

При првата најава во апликацијата потребно е да се внесат корисничко име (email) и иницијална лозинка (СМС) кои ги бара апликацијата и потоа ќе ви биде понудена можност за внес и потврда на PIN, кој ќе се користи за сите идни најави на Шпаркасе S Token апликацијата. Пристап до интернет е потребен само при инсталирање на апликацијата, активацијата (првото најавување на апликацијата) и при дефинирање на PIN-кодот. Откако апликацијата успешно ќе ја преземете и ќе ја активирате, не е потребен пристап до интернет – со тоа апликацијата за генерирање на еднократна лозинка S Token е достапна насекаде во светот.

Сигурност 

Шпаркасе S Token апликацијата се користи за истата намена како и хардверскиот токен и нуди еднакво ниво на сигурност, со тоа што и апликацијата како и хардверскиот токен, е заштитена со PIN кој единствено е познат на сопственикот на мобилниот телефон. PIN-кодот за пристап на апликацијата може да се промени во секој момент.

Трошоци

Иницијално

200 МКД еднократен надомест

Редистрибуција

0 МКД при промена на телефонски број или уред

Документи