sToken

Го прави користењето на електронско банкарство привлечно.

Шпаркасе sToken претставува софтверска апликација инсталирана на мобилен телефон и служи за идентификација (најава) на корисникот преку NetBanking и автентикација (потпишување) на трансакциите во системот за електронско банкарство за физички лица.

sToken има примена во електронското банкарство. Предноста на оваа апликација претставува тоа што таа е инсталирана на мобилниот телефонски апарат и сето тоа ја прави лесна, практична и достапна за користење. Од друга страна нема потреба клиентот со себе да носи дополнителни уреди како УСБ-токен.

Сигурност 

Шпаркасе S-Token апликацијата се користи за истата намена како и хардверскиот токен и нуди еднакво ниво на сигурност, со тоа што и апликацијата како и хардверскиот токен, е заштитена со PIN кој единствено е познат на сопственикот на мобилниот телефон. PIN-кодот за пристап на апликацијата може да се промени во секој момент.

Како да станам корисник на sToken?

За да може да ја користите Шпаркасе S-Token апликацијата потребно е да пополните пристапница за електронско банкарство – IndividualNet Plus во една од експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. По пријавата на мобилниот телефонски број наведен во пристапницата ќе ви биде доставен линк за инсталација на апликацијата S-Token. Дополнително добивате корисничко име (email) и иницијална лозинка (СМС).

При првата најава во апликацијата потребно е да се внесат корисничко име (email) и иницијална лозинка (СМС) кои ги бара апликацијата и потоа ќе ви биде понудена можност за внес и потврда на PIN, кој ќе се користи за сите идни најави на Шпаркасе S-Token апликацијата. Пристап до интернет е потребен само при инсталирање на апликацијата, активацијата (првото најавување на апликацијата) и при дефинирање на PIN-кодот. Откако апликацијата успешно ќе ја преземете и ќе ја активирате, не е потребен пристап до интернет – со тоа апликацијата за генерирање на еднократна лозинка S-Token е достапна насекаде во светот.

Трошоци

Иницијално

300 МКД еднократен надомест

Редистрибуција

0 МКД при промена на телефонски број или уред

Преземете ја апликацијата sToken

Апликацијата може да се инсталира на сите мобилни телефони што користат (Android, iOS и Java) оперативен систем. Апликацијата не е компатибилна за Windows Phone оперативен систем и за телефоните од марката Blackberry.

Документи

СМС известување

Добивајте СМС пораки за секоја ваша трансација.

sToken

Го прави користењето на електронско банкарство привлечно.

Електронско банкарство

Носете ја банката секаде со вас.

Извод на e-mail

Договорете си online поштар секој месец.