Обезбедување за кредитот
До 5.000 ЕУР - без жиранти
Од 5.001 ЕУР до 10.000 ЕУР - 1 (еден) кредитоспособен жирант или солемнизација на договорот за кредит на нотар
Од 10.001 ЕУР до 20.000 ЕУР - кредитоспособен жирант или меница уредена во форма на нотарски акт. Дополнително задолжително обезбедување е полиса за животно осигурување на кредитокорисникот купена преку Банката и винкулирана во корист на Банката за време на отплата на потрошувачкиот кредит. Полисата која служи за обезбедување на кредитот се купува преку Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје која врши застапување во осигурување за ВИНЕР ЛАЈФ- Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
При аплицирање за хипотекарен кредит како задолжително обезбедување се јавува хипотека на недвижен имот.
*За солемнизација на договорот на нотар потребно е брачниот другар или близок роднина (брат, сестра, родител) да се јави како солидарен должник во договорот за кредит.