Во периодот од 6 (шест) месеци, од април до септември 2020 година, износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 0% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот, односно НЕМА да достасува месечен износ за плаќање.
Во грејс периодот Банката ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот за користење кредитна картичка.
Почнувајќи од 01.10.2020 година, како основа за пресметката на минимален износ за плаќање предвиден во Договорот за кредитна картичка, ќе се користи долгот на сметката со состојба 30.09.2020 година.
За време на грејс периодот корисникот има право самостојно да врши уплати на кредитната картичка. Сите уплати на сметката на кредитната картичка извршени во грејс периодот, ќе се евидентираат како приливи на сметката и ќе бидат на располагање на корисникот за користење со картичката.