S Plus ненаменски потрошувачки кредит

    • износ до 1 200 000 МКД
    • рок на отплата до 10 години
    • со вклучена полиса за животно осигурвање

Основни карактеристики

Фиксна каматна стапка за првите две години

почнувајќи од 5,5%

Максимален износ

до 1 200 000 МКД

Обезбедување

без жиранти до 300 000 МКД

Каматна стапка

Фиксна
 

за првите 24 месеци

почнувајќи од 5,50%

Променлива
(врзана за к.с. на БЗ)

по истекот на фиксниот период

почнувајќи од 7,60%

Искористи го калкулаторот со цел да добиеш информативна пресметка на месечна рата за S Plus - потрошувачки кредит.

Обезбедување за кредитот

До 300 000 МКД - без жиранти, со административна забрана од платата на корисникот на кредитот.

Од 300 001 МКД до 610 000 МКД - 1 (еден) кредитоспособен жирант или солемнизација на Договорот за кредит на Нотар и административна забрана од платата на корисникот на кредит.

Над 610 000 МКД - безбедувањето е во форма на кредитоспособен жирант со административна забрана од платата на жирантот или Меница уредена во форма на Нотарски Акт и административна забрана од платата на корисникот на кредит.

Дополнително задолжително обезбедување независно од износот од кредитот е полиса за животно осигурување со месечна отплата на премијата на кредитокорисникот купена преку Банката и винкулирана во корист на Банката за време на отплата на потрошувачкиот кредит. Полисата која служи за обезбедување на кредитот се купува преку Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје која врши застапување во осигурување за ВИНЕР ЛАЈФ- Виена Иншуренс Груп АД Скопје.

*За солемнизација на договорот на нотар потребно е брачниот другар или близок роднина (брат, сестра, родител) да се јави како солидарен должник во договорот за кредит.

Трошоци

Административен трошок

1.000 МКД еднократен трошок за аплицирање за потрошувачки кредит

Провизија за одобрување

0% промотивно без провизија за одобрување на кредитот до 30.09.2019г.

Документација за потрошувачки кредити