Што е „Чекор по чекор“
Чекор по чекор е програма на Шпаркасе Банка, креирана во соработка со Business Impact Lab и Start UP Academy. Целта на оваа програма е овозможување поддршка на компаниите што се во почетна фаза на основање свој сопствен бизнис. Со оваа програма старт-ап компаниите имаат можност да добијат различни пакети за едукативна, финансиски и менторска поддршка.
За кого е наменета програмата?
• Млади претприемачи што сакаат да развијат бизнис-идеја.
• Компании што работат 36 месеци и бизниси во фаза на развој
Што ви нуди програмата?
• Едукативна поддршка
• Кредитна поддршка
• Менторска поддршка и мрежно поврзување.
Целта на програмата е придонес за развојот на локалната заедница, социјалната и економската рамноправност.