Драги студенти, ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека Шпаркасе Банка ќе биде вашиот партнер и поддршка во процесот на имплементација на Законот за студентски оброк во согласност со не финансискиот Договорот склучен со Министерството за образование и наука.
Овој продукт ќе обезбеди наменско користење на доделените средства во дневен износ од 140 МКД, за купување приготвена храна и прехранбени производи, а студентите ќе може да ја користат од понеделник до сабота (исклучувајќи државни празници), кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи. Дневниот износ од 140 МКД е наменет исклучиво за купување на оброк на дневно ниво, доколку студентот не го искористи дневниот лимит, истиот нема да биде префрлен за понатамошно користење. Наменската картичка ќе биде единствено средство преку кое студентите ќе можат да користат субвенциониран студентски оброк, поради што е важно секој студент да ја подигне навремено.
Сите студенти кои се пријавиле или сакаат да се пријават на повикот, немаат обрска предвремено да отвораат сметка во Шпаркасе Банка. По завршување на повикот, Банката ќе контактира со селектираните студенти, на податоците за контакт (мобилен телефон / имејл-адреса) кои за оваа намена ќе бидат споделени на онлајн платформата на Министерството за образование и наука, со цел да добијат конкретни насоки околу понатамошните активности.