Домашна платежна картичка: Купувам домашно!

Проверете во која експозитура ќе биде издадена

Вашата „Домашна платежна картичка“

Важно: Во период од 02.07.2020 година, Банката ќе започне со издавање на картичките „Купувам домашно“.
Картичката ќе биде достапна за преземање од страна на клиентите од 02.07.2020 година во една од експозитурите на Банката.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е една од деветте банки преку кои ќе се издава „Домашната платежна картичка“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. Преку купување на само домашни производи и услуги ќе се помогнат ранливите категории, граѓаните со ниски примања погодени од кризата, невработените лица, граѓаните кои се вработени но имаат близу минимална плата. Во проектот се опфатени и младите студенти, како и лекарите и здравствените работници кои се во првата линија во борбата против коронавирусот Covid-19.

За да проверите дали Вашата картичка ќе се издава преку Шпаркасе Банка АД Скопје, Ве молиме да ја посетите веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk

Банката Ви овозможи на лесен и едноставен начин, со внесување на Вашиот Единствен матичен број да проверите преку која експозитура ќе биде издадена Вашата „Домашна платежна картичка“, како и да се информирате преку Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Важно: Во период од 02.07.2020 година, а заклучно со 18.07.2020 година, Банката ќе започне со издавање на картичките „Купувам домашно“. Картичката ќе биде достапна за преземање од страна на клиентите од 02.07.2020 година во една од експозитурите на Банката.

Домашна платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ е платежна картичка издадена од Банката, со ознака „КУПУВАМ ДОМАШНО“, на чија поврзана трансакциска сметка се исплатува финансиската поддршка согласно Уредба со законска сила*.

Домашна платежна картичка на корисниците ќе им ја издава банката преку која примаат плата или преку која им е извршена последната трансакција доколку лицето има повеќе картички. Од Министерството за финансии појаснуваат дека ако лицето нема трансакциска сметка во една од деветте банки со кои се потпишани договори, по пат на фер распределба ќе биде распределено во една од банките и ќе му биде отворена сметка и ќе му се издаде картичка. Владата ќе ја врши оваа распределба, по фер принцип.

ИЗДАВАЊЕ НА ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА

Шпаркасе Банка Македонија ќе започне со издавање на картичките „Купувам домашно“ во период од 03.7.2020 година.

Начин на подигнување на Домашна платежна картичка

  • Листата на граѓани на кои им следи финансиска поддршка е објавена на веб страницата: www.kupuvamdomasno.gov.mk.
  • Со внесување на својот ЕМБГ во полето „Провери ја твојата Домашна платежна картичка“ или преку Контакт центарот на 02 3200 600, корисникот на финансиска поддршка е потребно да се информира во која експозитура треба да ја подигне својата Домашна платежна картичка.
  • Подигањето на картичките во експозитурите ќе се врши во период од 03.07.2020 (петок), а заклучно со 18.07.2020 (сабота). Картичките нема да се доставуваат на домашна адреса на клиентите, подигањето е исклучиво во соодветната експозитура на Банката.
  • За картичките не се аплицира и не се поднесува никакво барање во Банката.
  • Картичките се издаваат единствено лично на корисникот на финансиска помош, со важечки документ за идентификација (лична карта или пасош).
  • За малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), задолжително е присуство на родител/старател кој приложува документ извод од матична книга на родени.
  • Финансиската помош со домашната платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ ќе може да се користи согласно Уредбата со законска сила од денот на приемот на картичката до 15.08.2020 година. По истекот на овој рок, престанува можноста за користење на финансиската поддршка согласно Уредбата со законска сила.
  • Важни информации за корисниците: www.kupuvamdomasno.gov.mk

Услови за користење на картичката „Купувам домашно“

Картичката ќе биде поврзана со наменска сметка, а за истата граѓаните нема да имаат никакви трошоци:

  • Без надоместоци за издавање, водење, управување до крајот на 2020 година
  • Без членарина за првата година
  • Без надоместоци за затворање на сметката и картичката на барање на лицето корисник
  • Договор за издавање и користење на Visa Classic Debit Домашна платежна картичка од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје - јавно објавен на следниот линк
  • Договор за отворање и водење на трансакциска сметка за исплата на финансиска поддршка на граѓани преку Владината програма П1-Мерки за справување со COVID-19 кризата – јавно објавен на следниот линк.

*Картичката може да се продолжи да се користи и по истекот на календарската 2020 година.

**Граѓаните со блокирани сметки ќе може слободно да ја добијат и користат картичката

За кого е наменета оваа мерка?

  • Граѓани со низок доход 9.000 МКД

Приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22.05.2020 година и кои оствариле нето до 180.000 МКД во 2019 година и нето до 60.000 МКД во период јан-април 2020 година согласно евиденцијата на УЈП.

  • Вработени со низок доход 3.000 МКД

Лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 МКД на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП.

  • Млади лица 3.000 МКД

Лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години на 22.05.2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование. 

  • Здравствени работници ангажирани во справување со COVID-19 40% од основната нето плата

Вработени во ЈЗУ, Клиника за ингективни болести, ИЗЈ, ЦЈЗ, брза помош, инфективните одделенија и ангажирани работници во други одделенија ангажирани заради тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19. 

Каде и за што ќе може да се користи картичката? 

ДОМАШНАТА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА може да се користи за купување на МАКЕДОНСКИ производи и услуги во:

    • Ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции
    • Трговија на мало продавници за храна и пијалоци
    • Зелени пазари
    • Аптеки
    • Фризерски салони и салони за разубавување

Повеќе информации за картичката „Купувам домашно“

Со картичката не може:

    • подигање готовина од банкомати, од ПОС терминали или со налог за исплата на готовина на шалтерите на банките;
    • конверзија во странска валута или како замена за готовина;
    • плаќања производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали, подигнување готовина на банкомати и други терминали, опслужувани од нерезиденти и/или резиденти, вршители на дејност надвор од територијата на Република Северна Македонија;
    • пренос на парични средства кон други сметки во банката издавач на ДПК и/или кон други сметки кај друг носител на платен промет, независно дали е тоа сметка на лицето корисник на финансиската поддршка или е сметка на друго физичко и/или правно лице;
    • плаќање за македонски производи и услуги кои не ги исполнуваат дефинициите од Уредбата со законска сила;
    • плаќање на правни и физички лица кои не го исполнуваат условот за вршење дејност согласно Уредбата со законска сила.

*Уредба со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (Службен весник број 137/20, од 27.05.2020 година) и Уредба со законска сила за изменување на уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (Службен весник број 147/20, од 03.06.2020 година), Уредба со законска сила за изменување на уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (Службен весник број 151/20, од 08.06.2020 година), (во натамошниот текст: „Уредба со законска сила“).