Можности со IndividualNet Plus
- преглед на состојбата на денарска и на девизна платежна сметка;
- преглед на состојбата на депозити и штедни книшки;
- преглед на состојбата на кредити и кредитни картички;
- преземање изводи од денарска платежна сметка, кредитна картичка и генерирање амортизациски план за кредити;
- добивање извод по email од денарска платежна сметка и кредитна картичка;
- плаќање кон сите физички и правни лица (ПП30 и ПП50);
- плаќање на обврски по кредит и кредитна картичка;
- плаќање на режиски трошоци преку соодветни форми;
За користење на пакетот услуги IndividualNet клиентот, освен корисничко име и лозинка неопходно е да користи и S Token апликација за идентификација (најава) и автентикација (потпишување) на трансакциите преку апликацијата за електронско банкарство за физички лица.
Со цел подобрување на корисничкото искуство, а во насока клиентите да користат една апликација, апликацијата S Token се интегрираше во постоечката S-Banka. Функционалностите на S Token се целосно мигрирани во апликацијата S-Banka од каде корисниците ќе можат да ги користат во иднина. Дополнително, овозможена е најава на netbanking со push нотификација, како и плаќање на налози со push нотификација.