Шпаркасе Банка во соработка со АМСМ креираа кобрендирана картичка со многу бенефити за корисниците

Станува збор за кобрендирана картичка чиишто корисници, клиенти на Шпаркасе Банка, ќе можат да користат бројни поволности од АМСМ како што се: бесплатна помош на пат во Македонија и во Европа, бесплатно патничко осигурување како и останати услуги со попуст од 5 до 20% кај над 200 трговци.

Visa кобрендираните кредитни картичка се поделени во две категории:

Classic пакетУслуги кои можат да се користат на територија на РС Македонија
Europe Premium пакетУслуги кои можат да се користат на територија на РС Македонија и во Европа.

Пакетите Classic и Europe Premium ги содржат следните услуги:

АМСМ Пакет услугиClassicEurope Premium
Услуги на територија на РС Македонија
Бесплатно шлепување на возило во случај на сообраќајна незгода неограничено во километри
1
1
Бесплатно шлепување на возило при дефект до 200 км во двата правци, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото 1 1
Бесплатна помош на пат 3 5
Извлекување на возило 1 1
Покривање на патни трошоци во случај на незгода или дефект во износ до 1.000 денари 1 1
Поволности во АМСМ Сервис • 20% попуст на сите сервисни услуги • 5% - 10% на резервни делови
Бесплатни сервисни акции: летна и зимска проверка на возилото
Травел инфо – сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство 1 1
Членско списание „ АМСМ клуб мобилити “ на домашна адреса или на е-маил адреса
Show your Card! Попусти во Македонија, Европа, САД и во Канада
АМСМ партнер попусти во Македонија
Можност за кампинг – картичка CCI за попуст во над 1.100 кампови во цела Европа
Услуги на територија на Европа
Бесплатна интервенција при дефект на возило или помош на пат до 200 €
Бесплатен пренос при сообраќајна незгода до 400 €
Згрижување на член:
*Покривање на патни трошоци или до 200 €
*хотелско смeстување и рентакар
Бесплатно годишно патничко осигурување кое се однесува на територија на Европа и цела Турција и е со покритие од 20 кумулирани денови


Ваши придобивки:

  • Kорисникот на кобрендираната картичка има можност да добие cashback (поврат на средства) еднократно во износ од 1.500 денари за минимален безготовински промет од 30.000 денари преку Пос терминали и/или интернет* за период од три месеци со АМСМ кобрендираната кредитна картичка. Корисникот добива можност за исплата само на еден cashback во периодот од 01.07.2023 – 30.06.2024 год.
Период од 3 месеци
јули, август, септември
октомври, ноември, декември
јануари, февруари, март
април, мај, јуни
  • Плаќање на еднакви рати кај трговците со кои банката има склучено договор за плаќање на рати без камата на продажните места објавени на web страницата на Шпаркасе Банка Плаќање на рати без камата - Шпаркасе Банка (sparkasse.mk)
  • Со оваа програма корисниците на кобрендирана картичка покрај услугата помош на пат, добиваат и соодветни привилегии и попусти кои се дел од АМСМ програмата
  • Без трошоци за апликација за картичката
  • Годишната чланарина за картичката се наплаќа месечно (на 12 месеци)

* Исклучени се трансакциите направени кај одредени категории на дејности:

  • Tелекомуникации услуги (плаќање на сметки), опрема и продажба на телефони
  • Плаќања во државни и јавни институции и органи
  • Трансакции во казина, спортски обложувалници и други игри на среќа и содржини за возрасни
  • Организации за членство, граѓански, социјални и други здруженија
  • Добротворни социјални, политички и верски организации
  • Плаќања за кауција и плаќања во заложни продавници
  • Плаќања за обврзници
  • Трансфер на пари (P2P, на директен начин или на индиректен начин преку други платежни платформи)
  • Нефинансиски институции - странска валута, не-фиат валута (на пример: криптовалута), парични налози (не трансфер на пари), надополнување на сметки, патнички чекови и отплата на долгови
  • Повлекувања на готовина на Пос терминал на шалтер во банки и повлекување на готовина на банкомати

За повеќе информации, контактирајте нè преку следниве опции:

Документација за кобрендирана АМСМ картичка