Новата Visa Platinum картичката е дел од премиум-производите на Visa и истата нуди пристап до многубројни поволности и привилегии, на тој начин позиционирајќи се како картичка-синоним за престиж.

Visa Platinum картичката е креирана за да ги задоволи потребите на клиентите и да излезе во пресрет на животниот стил и навиките на оние кои често патуваат надвор од Македонија.

Оваа ексклузивна дебитна картичка е наменета за физички лица, и е поврзана со трансакциската сметка на корисникот. Наменета за безготовински трансакции, Visa Platinum поддржува интернет плаќање и можност за користење на расположливи средства 24/7.

Повлекување готовина во Македонија и секаде каде што е застапена Групацијата

  • повлекување готовина без провизија на банкоматите на банките членки на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата во следните земји: Erste Bank and Sparkassen (Австрија), Ceska Sporitelna (Чешка), Slovenska Sporitelna (Словачка), Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија), Erste & Steiermarkische Bank dd (Хрватска), Erste Bank Serbia (Србија), Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора),Banka Sparkasse dd (Словенија), Sparkasse Bank dd (Босна и Херцеговина), Banka Comerciala Romana (Романија).
  • повлекување средства со провизија насекаде низ светот на банкоматите со ознака VISA.

Airport Lounge Accesses

Со Visa Platinum картичката, корисниците добиваат премиум третман насекаде во светот и бројни ексклузивни придобивки како Airport Lounge Accesses кој вклучува:

  • Неограничен пристап во над 1200 меѓународни бизнис салони на аеродромите и бесплатно користење на услугите во салоните на аеродромите.
  • Првите две посети за корисникот се бесплатни во текот на календарската година, од третата посета се наплатува $32 за посета.
  • За придружник се наплатува $32 по придружник за посета.
  • За пристапот до салоните на аеродромите сопственикот на Visa Platinum картичката потребно е да ја инсталира апликацијата Visa Airport Companion од Android/IOS Store и да се регистрира на истата.
  • За да пронајдете салони и дополнителни информации пристапете на Visa Chatbot или на https://www.visasoutheasteurope.com/pay-with-visa/promotions/lounge-key.html

Fast Track на меѓународните аеродроми

Имателите на премиум картичките Visa Platinum можат два пати годишно да ја користат услугата брзо поминување на аеродромите, без да чекаат ред, преку каналот Visa Chatbot.

Како работи Fast Track?

  • Мора да се регистрирате или да бидете регистрирани во Visa Chatbot (Viber или Telegram)
  • Изберете ја ставката Visa Travel во главното мени на chatbot, а потоа изберете ја ставката Fast Track International.
  • Изберете земја и аеродром.
  • Изберете еден од предложените типови на лет: Departure, International Departure или International Arrival.
  • Изберете ја земјата во која одите и терминалот од кој поаѓате.
  • Внесете го бројот и датумот на летот во специјалното поле.
  • Обезбедете ги потребните информации за да добиете PDF-датотека со QR-код за да искористите Fast Track.
  • Преземете го ваучерот.

Понудата важи до 30.09.2024 година.

Со Вашата Visa Platinum картичка имате дополнителни привилегии за патувања, како и користење на попусти и специјални понуди. Заштита при купување и продолжена гаранција за:

  • Пропуштен лет
  • Пропуштен транзитен лет
  • Заштита на купувачот
  • Доцнење на лет
  • Одложен багаж

Овие бенефиции се овозможени од Visa т.н. давател на услуга, додека Шпаркасе банка АД Скопје е посредник помеѓу давателот на услугата и корисникот на картичката.

Како да аплицирам?

Дебитната платежна картичка VISA Platinum се издава единствено доколку имате платежна сметка во Банката, односно потребно е да сте постоен клиент на Банката. Отворањето платежна сметка е едноставно, може да го направите во најблиската експозитура на Банката преку склучување договор за платежна сметка.

Изработената платежна картичка и PIN можете да ги подигнете од експозитурата во која сте аплицирале во рок од 5-7 работни дена од моментот на аплицирање. При подигнувањето, неопходно е да ја активирате платежната картичка во експозитурата. По извршената активација, може да ја користите платежната картичка.

Доколку сте постоен клиент, имате можност да аплицирате за дебитна картичка преку онлајн-апликацијата.

Бесконтактно плаќање

Бесконтактната картичка поседува технички карактеристики како и постојните картички (магнетна лента и чип) и има дополнителен конектор во вид на вградена антена преку која се остварува контактот со ПОС-терминалот.

Технологијата што ја користат бесконтактните картички е со највисоко ниво на безбедност. Податоците што се разменуваат при вршењето на трансакцијата се енкриптирани, а картичката останува во рацете на клиентот притоа намалувајќи го ризикот од губење, измама или фалсификување.

Бесконтактниот начин на плаќање е глобално прифатен кај секаков тип трговци, односно секаде каде што го има универзалниот симбол за бесконтактни плаќања.