Сефови

Најдобро и најсигурно решение за чување на вашите вредни работи

Работи кои можат да се чуваат во сеф:

  • Лични документи (извод од матична книга на родени, државјанство, дипломи, уверенија, документи за сопственост)
  • Вредносни документи (договори, хартии од вредност, штедни книшки)
  • Вредни предмети (накит, скапоцени камења, медали, ретки поштенски маркици, други видови на колекторски материјали, сувенири)
  • Предмети од посебно значење во вашиот живот (незаменливи негативи, фотографии, слики и видеа кои се дел од вашиот домашен инвентар, а не можете да дозволите да бидат украдени или оштетени

Користење на сефови:

За работа со вашиот сеф можете и да овластите некого од најблиските. Клучот е во ваши раце и можете веднаш да го користите сефот секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Шпаркасе Банка АД Скопје: Скопје Централа 2 на ул. Македонија бр. 34, во Експозитура Центар во Скопје на ул. Даме Груев бр. 7 и во Централа Охрид на ул. Македонски просветители бр. 19. Шпаркасе Банка АД Скопје ја гарантира тајноста на вашиот сеф.

Работно време на сефови

  • Секој работен ден од Понеделник до Петок од 08:00 до 16:00 часот

Во сефот не може да се сместат:

  • експлозивни материи
  • запаливи материи
  • загадувачки материи
  • забранети материи
  • киселини
  • материи со лоша миризба
  • материи кои по мислење на Банката можат да нанесат штета на издадениот сеф или воопшто на просторијата каде се наоѓаат сефовите

Сакате да отворите сметка онлајн?

 

Одберете платежна сметка според вашите потреби.

 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Поставете прашање или договорете состанок.