Non Deliverable FX Forward
Non Deliverable FX Forward претставува терминска трансакција кај која на доспевање не доаѓа до промена на паричните средства, туку се пресметува и се плаќа само разликата помеѓу договорениот и референтниот курс пресметан на договорениот износ.
Овој производ главно се користи за заштита на салдата на девизните обврски (износ на недоспеана главница на девизни кредити) на датум на изработка на финансиски извештаи (квартално или најчесто годишно на 31.12).