Пазар на пари

Депозити

Банката им нуди на небанкарските финансиски институции наменски и ненаменски депозити на различни рокови под договорни услови, кои може да бидат стандардни или нестандардни, во зависност од клиентските потреби.

Каматен Swap (Interest Rate Swap - IRS)

Каматниот Swap претставува производ со кој купувачот ја заменува променливата (фиксната) каматна стапка за фиксна (променлива) во временски период подолг од една година. Најчесто се договара на износ на главница (која е фиксна и непроменлива и служи како база за пресметка) за која банката на клиентот (купувачот на каматниот Swap) во одреден временски интервал му исплаќа променлива (фиксна) камата, а клиентот на банката и исплаќа исто така периодично фиксна (променлива) камата.

На овој начин, клиентот може синтетички да го претвори задолжувањето со променлива каматна стапка (на пр. 3М Еурибор + маржа) во фиксна каматна стапка (IRS фиксна каматна стапка + маржа). Производот може да се приспособи на начин во целост да одговара на кредитот, задолжувањето на клиентот (амортизација, интервали на пресметка и друго)

Репо

Репо трансакциите претставуваат можност за купување или продавање хартии од вредност со обврска за нивно реоткупување од страна на Банката на датум кој што му одговара на клиентот. Предмет на репо трансакции се државни обврзници, државни записи на Министерството за финансии, но исто така може да бидат и корпоративни или банкарски обврзници. Најчесто се договорат за кратки рочности, но исто така постои можност да бидат склучени и за период подолг од една година.

Целта на овој производ е да му овозможи на купувачот да ја надмине потреба за ликвидни средства без потреба од продажба на хартиите од вредност со кои располага.

БЛАГИЦА ДОНЕВ

Оддел за тргување

тел.: +389 (0)2 3167618

e-mail: Blagica.Donev@sparkasse.mk


СИНИША НЕСТОРОСКИ

Оддел за тргување

тел.: +389 (0)2 3200 580
e-mail: Sinisa.Nestoroski@sparkasse.mk 

ДЕЈАН ГРАОРКОВСКИ

Оддел за тргување

тел.: +389 (0)2 3167645
e-mail: Dejan.Graorkovski@sparkasse.mk 

НИКОЛА ПАНОВСКИ

Оддел за тргување

тел.: +389 (0)2 3200571
e-mail: nikola.panovski@sparkasse.mk 

Сакате да отворите сметка онлајн?

 

Одберете платежна сметка според вашите потреби.

 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Поставете прашање или договорете состанок.