И јас бирам, да донирам!

    По повод 19 Август - Светскиот ден на Хуманоста, Шпаркасе Банка започна нова  соработка со својот долгогодишен партнер- СОС Детско Село и заедничката кампања под мотото - "За повеќе детски насмевки", која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете да прерасне во силна индивидуа.

    Со секој нов депозит во Шпаркасе Банка (Штеден План, Детско Штедење, Депозит Плус или Депозит Прогрес) придонесуваш за СОС Детско село.

    Шпаркасе Банка во периодот од 19.8.2022 до 30.9.2022 за првите 300 отворени депозити ќе донира по 600 денари за повеќе детски насмевки во СОС детско село.

    Сите депоненти кои ќе отворат депозити ќе добијат симболичен подарок 🎁– молив со семе кое може да си го насадат и преку кое ќе ја пренесеме пораката. Одберете го депозитот по ваша мерка, а Шпаркасе Банка ќе донира за вас. 

    “Секое дете е посебен цвет. А сите заедно прават светот да биде прекрасна цветна градина 🌷

    Ајде сите заедно да придонесеме и да направиме една заедничка цветна градина и да засадиме садници за што повеќе детски насмевки.

    #заповеќедетскинасмевки

    #ијасбирамдадонирам