Постепено штедење е  нова услуга за корисниците на  дебитните картички на Шпаркасе Банка.

Со услугата постепено штедење при секоја трансакција на ПОС терминали во земјата со дебитна картичка се врши заокружување на трансакциите до најблиската 100ка, при што заокружениот износ се префрла на посебен наменски депозит.

 

Опис на функционалноста на услугата:

  • Можност за активирање на услугата на секој тип на дебитна картичка
  • Активирање на услугата по доставено барање, од страна на клиентот во експозитурите на банката
  • При секоја трансакција во трговијата (на пос/е-пос) во Македонија со дебитната картичка на која е активирана услугата Постепено штедење се врши заокружување на потрошениот износ до најблиската 100ка
  • Услугата се однесува само на трансакции во земјата и не важи за трансакции надвор од Македонија
  • Трансакцијата се реализира само доколку клиентот има доволно средства на својата платежна сметка.

 

Бенефити за клиентите:

  • Едноставна за користење
  • Можност за штедење на помали износи на депозит по видување
  • Можност за повлекување на средства од депозитот во било кое време
  • Можност за следење на трансакциите со дебитните картички и состојбата на депозитот преку електронско и мобилно банкарство.

 

За повеќе информации, контактирајте нè преку следниве опции: