NetBanking - Електронско банкарство

Искористете ги сите нови предности на новата платформа

    • промена на лимит на дебитни и кредитни картички без надоместок;
    • блокирање на сопствена картичка;
    • менувачко работење (конверзија на валута);
    • Personal Finance Manager - услуга која овозможува анализа на трошоците, нивно планирање и поставување цели;
    • календар на настани;
    • интерактивен приказ на локации на експозитури и банкомати

Реализирајте ги банкарските потреби во секое време и од кое било место, независно од работното време на Банката. Користете ги услугите на електронско банкарство од дома или во канцеларија. Со услугата електронско банкарство може да бидете сигурни дека имате највисоко ниво на безбедност за заштита на вашите сметки и лични податоци.

Во секое време имате можност да ја дознаете состојбата на вашата сметка, депозит, кредитна картичка или кредит, брзо и едноставно да плаќате сметки.

Можности со IndividualNet

  • преглед на состојбата на денарска и на девизна платежна сметка;
  • преглед на состојбата на депозити и штедни книшки;
  • преглед на состојбата на кредити и кредитни картички;
  • преземање изводи од денарска платежна сметка, кредитна картичка и генерирање амортизациски план за кредити;
  • добивање извод по email од денарска платежна сметка и кредитна картичка;

За користење на пакетот услуги IndividualNet клиентот добива корисничко име и активациски код. Со внесување на корисничкото име и активацискиот код во апликацијата, потребно е клиентот самостојно да си креира нова лозинка преку која во иднина ќе се најавува во апликацијата за електронско банкарство.

Можности со IndividualNet Plus

  • преглед на состојбата на денарска и на девизна платежна сметка;
  • преглед на состојбата на депозити и штедни книшки;
  • преглед на состојбата на кредити и кредитни картички;
  • преземање изводи од денарска платежна сметка, кредитна картичка и генерирање амортизациски план за кредити;
  • добивање извод по email од денарска платежна сметка и кредитна картичка;
  • плаќање кон сите физички и правни лица (ПП30 и ПП50);
  • плаќање на обврски по кредит и кредитна картичка;
  • плаќање на режиски трошоци преку соодветни форми;

За користење на пакетот услуги IndividualNet клиентот, освен корисничко име и лозинка неопходно е да користи и S Token апликација за идентификација (најава) и автентикација (потпишување) на трансакциите преку апликацијата за електронско банкарство за физички лица.

Со цел подобрување на корисничкото искуство, а во насока клиентите да користат една апликација, апликацијата S Token се интегрираше во постоечката S-Banka. Функционалностите на S Token се целосно мигрирани во апликацијата S-Banka од каде корисниците ќе можат да ги користат во иднина. Дополнително, овозможена е најава на netbanking со push нотификација, како и плаќање на налози со push нотификација.

Сигурна и едноставна пријава

Пријавете се за користење на услугата електронско банкарство брзо и едноставно преку внесување на основните податоци за идентификација.

Доколку поседувате активна платежна картичка од Шпаркасе Банка имате можност да аплицирате онлајн за електронско банкарство и да станете корисник на оваа услуга за неколку секунди.