Прилив на платежна сметка
Известувањето за прилив на платежна сметка претставува СМС-порака што се праќа кога клиентот ќе добие прилив на својата платежна сметка во Банката. Пораките се праќаат 2 (две) минути откако ќе се случи промената на трансакциската сметка. Освен износот на приливот, СМС-пораката содржи и информација за расположливото салдо на трансакциската сметка на клиентот.
Услугата ги опфаќа следниве известувања:
- уплата на плата/пензија;
- уплата на готовина на благајна;
- уплата на готовина на банкомат;
- пренос на средства од физички лица.