• 2016 21 Јуни
    Соопштенија РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ПРИЛЕП

РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ПРИЛЕП

Почитувани клиенти,

Поради релокација на Експозитурата на нова локација, Ве известуваме дека Експозитурата нема да работи на 08.07.2016г. (петок) и 09.07.2016г. (сабота). Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација (ул. Марксова 1/1) заклучно со четврток 07.07.2016 година.

Од понеделник 11.07.2016 година (со почеток од 11:00 часот), услугите на Експозитурата Прилеп ќе можете да ги користите на новата локација, ул. Илинденска бр.1 влез 2. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на преместување на Експозитурата на новата локација, по што Експозитурата ќе продолжи да функционира со редовно работно време.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат и електронско банкарство NetBanking.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА