• 2016 20 Септември
    Соопштенија СОРАБОТКА УКЛО - ШПАРКАСЕ БАНКА

СОРАБОТКА УКЛО - ШПАРКАСЕ БАНКА

На 20 септември 2016 година во Ректоратот на УКЛО, генералниот директор на Шпаркасе Банка, Глигор Бишев и ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски потпишаа Меморандум за соработка.

Со Документот се официјализира взаемната поврзаност меѓу двете установи и се отвора простор за продлабочување на соработката во насока на поддршка на развојни проекти и унапредување на едукацијата. Воедно, преку проектите на Банката за студентите на УКЛО на располагање се повеќе можности меѓу кои: изведување практична настава, апликација во пакетот за Југоисточна Европа со едногодишни студии во Грац наменет за најдобрите студенти и други пакети за млади, со различни поволности.

Потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу УКЛО и Шпаркасе Банка е дел од стратешките заложби на УКЛО за поголемо поврзување со деловниот свет, бизнис секторот и воопшто градење нови релации со опкружувањето.