• 2016 18 Октомври
    Соопштенија ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ОХРИД

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ОХРИД

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од вторник 25.10.2016 година (со почеток од 12:00 часот), услугите на Експозитурата во Охрид ќе можете да ги користите на новата локација, ул.7-ми Ноември бр.1. Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација (ул. Партизанска бр 1/1) заклучно со четврток 20.10.2016 година. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на релоцирање на експозитурата на новата локација, по што експозитурата ќе продолжи да функционира со редовното работно време.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат и електронско банкарство NetBanking.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА