• 2017 5 Декември
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕДЕ МЕРКИ ЗА ПРИЈАВЕНИТЕ СЛУЧАИ

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕДЕ МЕРКИ ЗА ПРИЈАВЕНИТЕ СЛУЧАИ

Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно законските прописи спроведува истражна постапка во однос на изолираните пријавени инциденти во сефовското работење.

Шпаркасе Банка Македонија продолжува регуларно да ги извршува активностите во доменот на сефовското работење согласно поставените интерни процедури и законските прописи.

Банката ги презема сите мерки за да ги заштити интересите на клиентите и да ги опслужи со висока професионалност.