• 2017 19 Декември
    Соопштенија ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ - ДЕВИЗНИ ИЗВОДИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ - ДЕВИЗНИ ИЗВОДИ

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје посветува големо внимание со цел да овозможи брза, навремена и точна достава на девизните изводи и пропратната документација за правни лица.

Во насока на остварување на посочената цел, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје Ве известува дека нуди опција девизните изводи и пропратната документација да Ви ги доставува преку електронска пошта на Вашата е-маил адреса.

Имајќи ги во предвид придобивките од електронска достава на посочената документација, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во иднина ќе се ориентира кон масовно користење на електронските канали на дистрибуција на документите кон клиентите и притоа постепено ќе ја укинува доставата на истите по редовна пошта. Ве замолуваме да ја посетите најблиската експозитура со цел пополнување на Образец за контакт информации за достава на девизни изводи или истиот образец потпишан од законскиот застапник на правното лице да се достави преку електронска пошта до вработени на Банката, со кои најчесто комуницирате.”

„За сите дополнителни информации, Ве молиме да се обратите до најблиската експозитура.