• 2018 23 Август
    Известувања Известување- нова локација на експозитура Неготино

Почитувани,

Ве известуваме дека експозитурата на Шпаркасе Банка во Неготино на ден 27.08.2018г. нема да работи поради преселба на новата локација, на ул. Ацо Аџи Илов бр.10.

Експозитурата ќе продолжи да функционира на новата локација од ден 29.08.2018г., со редовно работно време од 08:30 до 16:30 часот.

Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација (ул. Страшо Пинџур бр. 2) заклучно со петок 24.08.2018 година до 16.30 часот. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на релоцирање на експозитурата на новата локација. Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија