• 2018 27 Август
    Известувања Известување за неработен ден - Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Почитувани,

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 28.08.2018 година (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Ве известуваме дека на ден 28.08.2018 година (вторник) експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија нема да работат. Експозитурите продолжуваат со работа со редовното работно време од ден 29.08.2018 година (среда). Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните банкарски трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

Шпаркасе Банка Македонија го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на сите ѓраѓани од православна вероисповед.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија