BANER_2
  • 2020 23 Декември
    Соопштенија ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА - Четврт пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19

ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Четврт пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19

За кого е наменета финансиската поддршка?

Согласно четвртиот пакет на Владата, се предвидува исплата на поединечна финансиска поддршка во износ од 6.000 МКД и се однесува на следните категории граѓани: граѓани со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 мкд пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Клиентите можат да проверат дали се корисници на финансиска поддршка и во која банка се распределени, со внесување на својот ЕМБГ преку следниот линк: https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/index

Како ќе се реализира исплатата?

Исплатата на финансиската поддршка во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе се реализира на постоечките трансакциски сметки на клиентите. При тоа со цел да ги користат средствата од финансиската помош, клиентите кои ги немаат ажурирано своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат истите во најкус можен рок, а најдоцна до 25.12.2020 година. Ажурирањето на личните податоци клиентите можат да го направат во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка.

Воедно, Шпаркасе Банка ги повикува клиентите кои немаат отворено трансакциска сметка, а се распределени за исплата во Банката, во најкус можен рок, а најдоцна до 25.12.2020 година да ја посетат најблиската експозитура на Банката со цел комплетирање на документацијата за отварање на трансакциска сметка.

За клиентите кои имаат блокирани сметки, Шпаркасе Банка ќе отвори нова трансакциска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да ја посетат најблиската експозитура во најкус можен рок, а најдоцна до петок 25.12.2020 година.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Со цел искористување на средствата од финансиската поддршка, клиентите потребно е да го запазат рокот односно најдоцна до 25.12.2020 година да извршат редовно ажурирање на податоците /потпишат целокупната документација за новата трансакциска сметка во Шпаркасе Банка.

Ажурирањето на податоците/потпис на документација се врши исклучиво во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Средствата од финансиската помош ќе може да се искористат и по 25.12.2020 година доколку до 25.12.2020 година е извршено ажурирање/потпишана целокупната документација. 

Доколку најдоцна до 25.12.2020 година клиентите не ги ажурираат податоците/потпишат целокупната документација во една од експозитурите на Шпаркасе Банка, средствата од финансиската поддршка нема да можат да ги користат, и според одредбите на Законот ќе бидат вратени на сметката на Владата на РСМ.

 

Информација дали е потребно да се изврши ажурирање на податоци/потпис на документација во една од експозизтурите на Банката, клиентите можат да добијат:

1/ Со јавување во Контакт Центарот на Банката на телефонскиот број 02/3200-600

2/ Во било која од експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (листа на експозитури и контакт телефонски броеви може да погледнете на следниот линк)