Soopshetie_002
  • 2022 15 Април
    Соопштенија Годишен резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2021 година

Штаермеркише Шпаркасе со исклучително добри финансиски резултати во 2021 година!

Годишен резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2021 година

 

Од лево кон десно: Д-р Георг Бухер, Член на Управниот одбор, Д-р Оливер Крепфл, Член на Управен одбор, М-р Валбурга Зајдл, Член на Управен одбор, Д-р Герхард Фабиш, Главен извршен директор,

► Силен пораст на нето добивката, која достигна 308 милиони евра

►  Зголемување на оперативната добивка на 284 милиони евра

► Многу добри стапки на раст:

     Раст на кредитите од +7,6%

     Раст на депозитите од 11,3%

     Раст на депозитите од +7,2%

► Раст на приходи од провизии од +14,7% (зголемен приход од провизии за тргување со хартии од вредност + 27%)

► Ревалоризациска добивка од подружниците во износ од 103 милиони евра

► Особено ниски трошоци за ризик во износ од 16 милиони евра

► Подобрување на индикаторот за капитал од 22,9%

,,Штаермеркише Шпаркасе Групацијата постигна многу добар целокупен резултат во 2021 година. Со добивка по оданучување од 308 милиони евра, значително се надминати и добивката од претходната година и буџетираната добивка за 2021. Натпросечнте резултати се постигнати и од комерцијални клиенти и од работењето со физички лица на домашниот пазар. Резултатите на нашите подружници во регионот на Западен Балкан исто така ги надминаа прогнозите. Оптимистичките очекувања на крајот на 2021 година на проширениот домашен пазар земајќи ги во предвид макроекономските гранични услови и натамошниот развој на нашите банки-подружници доведоа до добивки од ревалоризација. Заедно со силните перформанси во деловното работење на банката, овој еднократен ефект и исклучително ниските трошоци за ризик во Штаермаркише Шпаркасе имаа фундаментален придонес кон резултатот. Особено во работењето со хартии од вредност, беа надминати дефинираните цели, а беа постигнати силни стапки на раст. Бележењето на натпросечен раст на депозитите, кредитите и провизиите во овие предизвикувачки времиња е успех за Штаермаркише Шпаркасе Групацијата и сите нејзини посветени вработени. И покрај значителните ограничувања предизвикани од пандемијата Ковид- 19, ние бевме на нашите работни места во нашите експозитури и советодавни центри без ограничувања и можевме да им понудиме приспособени решенија на нашите клиенти. Со својата економски силна основа, Штаермаркише Шпаркасе има извонредна почетна позиција да им обезбеди на своите клиенти одлична поддршка во совладувањето на идните предизвици, особено на оние клиенти кои се особено погодени од тековната криза во Украина и нејзините ефекти. Во иднина, ќе ставиме посебен фокус на активната поддршка на процесите на трансформација и инвестиции за поголема одржливост и најдоброто можно придружување на нашите клиенти на овој пат. “, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.

Повеќе детали за Годишниот резултат со состојба 31 декември 2021 година погледнете во целосното Соопштение за јавност и презентацијата за компанијата.