• 2018 22 Октомври
    Известувања Известување за неработен ден - 23 октомври 2018 година

Почитувани,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2018 година (вторник), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Ве известуваме дека на ден 23.10.2018 година (вторник) експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија нема да работат. Експозитурите продолжуваат со работа со редовното работно време од ден 24.10.2018 година (среда). Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните банкарски трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

Шпаркасе Банка Македонија го честита Денот на Македонската револуционерна борба на сите граѓани на Република Македонија.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија