• 2019 25 Април
    Соопштенија Известување за неработен ден - Велигден

Почитувани,

Согласно информацијата од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 26 април 2019 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден и 29 април 2019 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар се неработни денови за сите граѓани на Република Македонија.

Банката нема да работи во петок, 26 април 2019 година како и во понеделник 29 април 2018 година.

Во сабота, 27 април 2019 година Банката ќе работи како вообичаено со редовен режим на работа за сабота.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија