• 2019 25 Април
    Соопштенија 43 Јавен ПОВИК за учество на Собрание на акционери

Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Надзорниот одбор на


ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


П О В И К

за учество на Собрание на акционери


Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе се одржи на 27.05.2019 година (понеделник), со почеток во 16:00 часот, во седиштето на Банката ул.Македонија 9-11 Скопје, со следниот


ДНЕВЕН РЕД


  1. Избор на претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови
  2. Разгледување на Записник од 42.седница на Собранието на акционери,
  3. Извештај на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје за извршена ревизија на единечни финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2018 година,Одлука
  4. Извештај на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје за извршена ревизија на консолидираните финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2018 година,Одлука
  5. Годишна сметка и финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2018 година,Одлука
  6. Консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2018 година,Одлука
  7. Извештај за работењето на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2018 година,Одлука
  8. Консолидиран извештај за работењето на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2018 година, Одлука
  9. Одлука за распределба на добивка од 2018 година
  10. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2018 година, колективно и од аспект на поединечните членови
  11. Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и усвојување на пречистен текст на Статутот
  12. Одлука за именување на член на Надзорниот одбор, (CV)

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.


ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје

НАДЗОРЕН ОДБОР

Претседател

Сава Далбоков