• 2019 7 Август
    Соопштенија Промени во Надзорниот oдбор на Шпаркасе Банка Македонија

Промени во органите на Банката

 

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како акционерско друштво со посебни обврски за известување, го објавува следното тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката:

Собранието на акционери на Банката го именуваше Д-р Георг Бухер за член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за што е добиена претходна согласност од Гувернерот на НБРСМ.

Д-р Георг Бухер, кој поседува богато професионално искуство во областа на банкарството, е член на Управниот одбор на Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ Грац од 2004 година, и меѓу другото, надлежен е за Стратегија и деловен развој во ЈИЕ.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје